| четврток, 6 декември 2018 |

За што се може да се користи пастата за заби?

паста

Нега на нокти, убоди од инсекти… Нема да верувате што се можете да направите со пастата за заби!

Избелување на нокти

Претерувањето со темни бои на лакови за нокти може да предизвика појава на дамки на ноктите или да ги направи жолти. Нежно истријте ги со паста за поново да станат бели.

Убоди од инсекти

Нанесете паста за заби на местото каде имате убод од инсект и оставете го да делува преку ноќ. Пастата ќе спречи на местото да се појави оток, но внимавајте не треба да ја нанесете на отворена рана.

 Чиста пегла

Со малку паста за заби истријте ја пеглата додека е ладна, потоа избришете ја со влажна крпа. Површината ќе биде совршено чиста и спремна за пеглање.

 Чисти обувки

Пастата за заби одлична е за чистење на ѓоновите. Ѓоновите на патиките со паста за заби ќе бидат чисти како нови.

Непријатен мирис на рацете

За да го отстранете непријатниот мирис од рацете после сецкање на лук, кромис или спремање на пилешко, кожата истријте ја со малку паста за заби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top