
Татко и две деца загинале во тешка сообраќајка која утрово пред 8 часот се случила на Јадранската магистрала во близина на Дубровник. Според првичните и сѐ уште неофицијални информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми, во сообраќајката учествувале автомобил со британски регистарски таблички и камион на јавното претпријатие „Дубровник патишта“.
Покрај загинатите, тешко се повредени и мајката и третото дете кои итно се префрлени во болницата во Дубровник.
Сообраќајот сѐ уште целосно е блокиран, а локалната полиција апелира за трпение кај возачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


