| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Бош потпиша нов договор со Мајами

Вицешампионот во НБА-лигата, тимот на Мајами хит, објави дека го продолжил договорот со крилниот центар и еден од водечките играчи во тимот Крис Бош.
Бош ја прифатил понудата на тимот, која изнесува 118 милиони долари за пет сезони. По заминувањето на најголемата ѕвезда од тимот, Леброн Џејмс, беше најавено и останатите ѕвезди од тимот да ја напуштат Флорида.
Бош беше поврзуван со Хјустон, кој се откажа од Џереми Лин, кој премина во ЛА лејкерс и направи место во буџетот. Сепак, еден од најдобрите играчи во лигата реши да остане во клубот со кого освои два шампионски прстена.

– Бош е еден од најсестраните играчи во лигата. Отсекогаш бил посветен на работата во нашиот клуб. Следната сезона ќе ја добие шансата да биде лидер на тимот – изјави претседателот на Мајами, Пет Рајли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top