| четврток, 6 декември 2018 |

Почина и Никола – втора жртва на сообраќајката кај Удово

Дваесет и четиригодишниот Никола Маринковиќ од Србија, кој пред четири дена беше тешко повреден во сообраќајната несреќа кај Демир Капија – Удово, им подлегнал на повредите.

Како што дознава „Курир“, Никола починал вчера во 14.30 часот во Ургентниот центар во Скопје, а неговото тело е предадено на обдукција.

Никола беше три дена во кома по повредите на главата и на градниот кош.

Во сообраќајната несреќа животот го загуби и осуммесечно бебе. Неговиот татко Драган, братот на Никола, по напуштањето на болницата е во Клиничкиот центар каде што се неговата сопруга Марија и синчето Матија (5), кои се со тешки повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top