Лето е, па не се седи многу во кујна. Налето храната секогаш е полесна, и за готвење и за јадење. Се јаде повеќе овошје и зеленчук, се пијат повеќе течности, сокови, чаеви за разладување…
Секогаш кога сме во недостиг на време, подготовката на тестенини е најдобриот избор. Може да се направат за многу кратко време и се одличен избор.
Шпагети со песто се омиленото јадење од традиционалната италијанска кујна. Многу се вкусни, брзо се прават, а уште побрзо се јадат.
Состојки:
Интегрални шпагети
Маслиново масло
1 врзоп свеж босилек
Магдонос (свежо исечкан)
4 чешниња лук
1 мала лажичка сол
Тврдо овчо сирење
Пармезан
Подготовка: Прво пригответе го пестото. Во еден сад ставете ситно исечкан босилек, магдонос, лук и сол. Истолчете ги сите состојки и додајте една или две лажици маслиново масло.
Мешајте додека не добиете кашеста смеса и додека не ја постигнете посакуваната густина. Потоа додајте го пармезанот и нарендајте малку тврдо овчо сирење. Повторно додајте уште една лажица маслиново масло. Мешајте додека не ја постигнете вистинската густина на пестото.
Во друг сад сварете ги интегралните шпагети. Додека се уште топли, прелијте ги со пестото.
Чинијата декорирајте ја со свеж босилек и по желба ставате и малку пармезан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст