Министерот за земјоделство Љупчо Димовски верува во резултатите од акредитираната лабораторија на факултетот за ветерина, но нема против млекото да се проверува и во заедничка европска лабораторија како што предложија српската, хрватската и босанската влада, пренесе телевизија Алфа.
– Секако, зошто да не прифатиме, тоа би било супер анализа. Во Македонија законската регулатива е таква доколку било која странка се чувствува дека резултатите од анализите на домашната акредитирана лабораторија не се веродостојни, може да побара анализа од акредитирана европска лабораторија, без разлика дали во држави од Европската Унија, ние на тоа се согласуваме, зашто сме убедени дека нашите производи се апсолутно здрави и безбедност, вели министерот за земјоделство.
Директорот на Агенцијата за храна, Рунтевски, пак е цврсто уверен дека домашните анализи се валидни бидејќи лабораторијата била акредитирана. Според него, дополнителните испитувања во странство би предизвикале зголемен трошок.
Предлогот сите земји од регионот да користат една европска лабораторија, ќе се разгледува наредната недела во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК