| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски распали по СОНК

Toni-Mihajlovski-740x320-top

 

Какви лицемери сте вие во СОНК,да не речам шупаци. Кур вас не бе боли за Културно Уметничките Работници и тоа ни го кажувавте со години наназад сакајки да не исфрлите од сојузот и да станете СОН. За жал тоа сеуште не се случи. Да се случеше тоа,ние ке станевме СКУР..знам :)(Синдикат на Културно Уметнички Работници) и тогаш можеби ке го исфрлевме тоа работници од културата и уметноста ,оти дур има работници таму нема место ниту за култура ниту за уметност. Сега еве и уметниците од музичката култура ги прогласивте за небитни споредувајќи ги со,за вас,уште помалку битна култура-театарот. Затоа оваа ваша нота посветена на нас уметниците може да си ја пикнете кај што не ве грее сонце и потоа да ја изџвакате и про-гол-та-те.Еве ја вашата нота која е навистина “колку нешто да се спомне за културата па макар и глупост”.

“Во културата повеќе од 6 години СОНК преговара со Министерството за склучување на нов Колективен договор за да се отстранат незаконските разлики во висина на платите за исто работно место, дури и во една иста установа во културата! Секогаш проблемот е ,, немањето пари,,. Значи ли тоа дека преставите во театрите треба да ги преименуваат во фестивали и за освоено прво, второ и трето место, да добиваат награди во илјадници евра!, кои ќе им бидат доволни за неколку години ;
Ауф.. Кој ви го напиша ова нема мозок туку свинска маст во главата,да извините.Единствено точно е дека култура имаме шест години,јас би додал уште некоја. Добро е што воопшто сте ја приметиле,има надеж за вас.Нема,само се зезам. Безнадежни сте,но јас во вас никогаш и сум немал надеж.На вашава ненадејна грижа за културата би ви одговорил: Аман бате не ме брани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top