Новоименуваните вонредни амбасадори во Австрија, Грција и во Швајцарската Конфедерација, Василка Попоска-Треневска, Дарко Ангелов и Екрем Ебиби денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности.
Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат и комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
Пред Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, додека Комисијата за образование ќе ги разгледа предлог измените и дополнувањата на законите за основното и за средното образование, како и измените на Законот за високото образование, сите по скратена постапка, во второ читање.
Комисијата за финансирање ќе расправа по Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка во второ читање, како и по Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи по скратена постапка во второ читање, додека пред Комисијата за земјоделство се измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура по скратена постапка.
Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основното, средното и високото образование, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, измените и дополнувањата на законите за социјалната заштита, за внатрешни работи и за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка во второ читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкара ги отповика амбасадорите од САД и Израел
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Груевски на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО и претставници на ОБСЕ и ОДИХР
-
Груевски се сретна со амбасадорите на Германија, Обединетото Кралство, Шведска и Холандија