
Ерата на топлес-сончање во Франција, според пишувањето на францускиот весник “Ел“ е завршена, а причини има повеќе.
Една од причините е зголемата загриженост за здравјето, односно опасноста од рак на кожа. Втора причина е порнографската перцепција. Третата причина е поврзувањето со феминистичката група „Фемен“ на која покажувањето на голите гради им служи за привлекување на внимание на различни проблеми.
– Сончањето топлес во 1960 година се сметаше за еден нов вид женска слобода. Сега жените треба да се покријат. Тоа е загрижувачка регресија за жените – пишува „Ел“.
Откако познатата актерка Брижит бардо го соблече горниот дел од костимот за капење на француската ривиера во 1960 година, многумина тоа го сфатија како знак на рамноправност и го следеа нејзиниот пример.
Денес малку Французинки се сончаат топлес. Само два отсто од жените помлади од 35 години го практикуваат овој вид сончање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


