| четврток, 6 декември 2018 |

Која храна треба да се избегнува пред секс?

 seks_10

Ако сакате да имате здрав сексуален нагон и посилно либидо, мора да знаете дека некои видови намирници или пијалаци никако не се добредојдени.

Кафе

Ако се напиете премногу кафе, ќе се зголеми нивото на кортизол, хормонот на стрес. Стручњакот за велнес, Никол Касал објасни за “Good Housekeeping” дека поради кортизолот телото чувствува стрес, што никако не е добро за уживање во сексот, бидејќи потешко се опуштаме.

Солена храна 

Заборавете на пуканки и на слична храна пред секс бидејќи солта ја задржува водата во телото, па ќе имате чувство на подуеност. Доктор Роберт Коминиарекс истакнува дека протокот на крв е исклучително важен за оргазмот, а премногу сол ќе го забави тој процес.

Овошје

Иако налето звучи освежувачко, овошјето треба да се избегнува бидејќи брзо се исфрла од организмот. А тоа значи дека можеби ќе имате грчеви и непријатни гасови.

Алкохол

Колку пати сте виделе како некоја двојка се забавува со алкохол и потоа наместо жешки сцени, на крајот заспива во креветот? Алкохолот како вино или пиво го зголемува нивото на мелатонин, а тој е хормон што поттикнува заспивање. Затоа би било добро да не пиете алкохол ако сакате акција во креветот.

Зеленчук 

Брокули, карфиол или прокељ припаѓаат на некој вид зеленчук што содржи малку поголемо количество метан, што може да предизвика грчеви и гасови. Непријатноста во креветот можете да ја избегнете ако добро го сварите зеленчукот од тој тип.

Соја

Иако спаѓа во најздравите намирници, не е толку добра за активен сексуален живот. Тестостеронот е важен за здрав сексуален нагон, а сојата има негативно влијание на него бидејќи може да го наруши балансот во телото.

Што би требало да се јаде?

Треба да избирате храна што има повеќе цинк (школки, семки од тиква) или омега-3 масни киселини, како што се риби или јаткасти плодови, бидејќи позитивно влијаат на либидото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top