Според едно неодамнешно истражување во трката до ново знаење жените добиваат се поголемо забрзување. Студија спроведена на 31.000 учесници во 13 европски земји покажала дека женскиот мозок е поразвиен од машкиот кога станува збор за паметење на различен материјал, како и за епизодна меморија. Исто така, иако просечната математичка способност на жените е пониска од онаа на мажите, разликата во последните години значително се има намалено. Научниците се увериле дека и двата пола се „подобрени“ со текот на времето, но дека жените постигнале значително подобри резултати.
– Со подобрувањето на условите за живот се подобруваат и когнитивните способности на луѓето. Напредок кој кај жените е значително поголем во споредба со тој кај мажите – покажува истражувањето.
Крајот на оваа трка на полови според научниците ќе заврши тогаш кога способностите на двата пола ќе бидат изедначени, а до тогаш живејте со фактот дека женскиот мозок побргу се развива од машкиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



