Десет гламурозни вечерни фустани на покојната принцеза Дајана, ќе бидат продадени на лицитација, која ќе се одржи на 19 март во Лондон
Организаторите предвидуваа најголем интерес да привлече сомотската тоалета, која е во темно сина боја, која Дајана ја носеше за време на официјалните посети и на кралските банкети.
Таа тоалета остана запаметена и по тоа што Дајана играше во неа со холивудскиот глумец Џон Траволта, на гала вечерата во Белата куќа во 1985 година.
Во аукциската куќа “Кери Тејлор” очекуваат да ги продадат сите десет фустани за повеќе од 1,2 милиони долари.
Фустаните на поранешната жена на Принцот Чарлс, скроени во согласност со модните трендови во 1980-тите години, со нагласени раменици и широки ракави. Тие се показатели на гламурозниот џет-сет стил на живот, кој го водеше принцезата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Автомобилот во кој загина Принцезата Дијана бил репариран автомобил