| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска нема и не мора да биде Швајцарија

hrvatska crkva

Хрватска за неколку години ќе стане Швајцарија, тоа беше слоганот во почетокот на 90-тите години. Во првата предизборна кампања речиси немаше партија која не ветуваше мед и млеко, а така се продолжи до денешен ден. Ниту еден политичар не рече: Хрватска е последна во светот, но ако се фатиме за работа идната година ќе биде претпоследна и така малку по малку…

Како да се искомплицира животот? Едноставно, исполнете го со големи очекувања! Големи очекувања од туризмот, од изградба на објекти, од нафта во Јадранот… Последното големо очекување е дека Хрватска ќе стане како Норвешка, бидејќи има нафтени наоѓалишта под морето. Треба да се повтори дека Хрватска нема да стане Норвешка и да најде повеќе нафта од скандинавските земји.

Кога очекувањата се големи тогаш нивното исполнување создава големи разочарувања. Политиката е најголема фабрика за производство на очекувања. Иста е како пропагандните пораки кои дома ни доаѓаат од малите екрани. Употреби ја таа крема и ќе бидеш како јас, порачува убава манекенка од тв екраните. Домашното огледало ги открива разочарувањата. Очекувањата пред се стануваат илузија, а потоа делузија. Индустријата на илузии е најпродуктивна. Човекот мора да живее во надеж, во очекувања, бидејќи во спротивно би бил робот, но што повеќе нивото на стремежот е помало, толку и разочарувањето е во пропорција со тоа. Политиката ни нуди убаво завиткани пакети од соништа.

Но, ако во убавото пакување нема ништо конкретно, ни останува само украсната хартија која знаеме каде завршува. Лице со преголеми очекувања е всушност несовесно лице. Значи, секогаш ќе бидеме разочарани? Не, доволно е да очекуваме помалку, па ќе имаме чувство дека сме добиле повеќе. Лицата на луѓето во Хрватска покажуваат разочарување, велат странците и веднаш додаваат дека нема причина за такво чувство. Во Хрватска стандардот на животот секако е подобар сега, отколку кога беше дел од Југославија. А, сепак има такви кои го мислат спротивното, бидејќи создале таков филм во својата фантазија. Хрватска не треба да стане ни Швајцарија, ни Норвешка. Важно е очекувањата да не станат претензии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top