Со разни активности организирани од волонтерите на Црвениот крст, децата од згрижувачките семејства денеска уживаа во аквапаркот во Скопје, а за задоволството да биде уште поголемо со нив заедно беше и популарниот Даниел Кајмакоски.
Посетата на аквапаркот беше во рамки на проектот на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“, а со дечињата се дружеше и министерот Диме Спасов.

– Згрижувачките семејства се најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства коишто нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа и на децата со пречки во развојот. Во Р. Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства коишто згрижуваат точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа – рече Спасов.

Спасов потенцираше дека целта на овој проект е преку најразлични активности на центрите за социјална работа и непосредни контакти со граѓаните да се подигне свеста, но, исто така, и да се информираат за значењето и можностите коишто ги даваат на згриживачките семејства.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семсјтва ќе можат да го направат тоа на мејлот [email protected] или на бесплатниот број 15505.
Министерот Спапсов истакна дека во моментов има потреба од такви згрижувачки семејстава и образложи дека овие семејства оставруваат паричен надоместок од страна на државата, месечно од 6.500 и 8000 денари за трошоци за покривање на згрижувањето. Но и доколку не исполнуваат услов за старосна пензија, а биле згрижувачко семејство повеќе од 5 години имаат право, после навршување на 62 години да се стекнат со постојан паричен надоместок од 8000 денари до крајот на својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


