Францускиот дизајнер Кристијан Лобутин им овозможил на своите купувачи да ги тетовираат своите чевли.
Тој во своите продавници во Лондон, Париз и Лос Анџелес вовел сервис кој на купувачите им овозможува своите омилени чевли да ги украсат со тетоважа, и на тој начин на своите сакани обувки да им остават личен печат.
„Се’ започна спонтано, како идеја за подарок за еден мој добар пријател. Креирав чевли и ги украсив со тетоважа која тој ја смисли. Многу мои пријатели имаат тетоважи, и сфатив дека тоа не е само дел од поп културата, туку е дел од нечија личност, начин на другите да им кажете нешто за себе“ – изјавил славниот дизајнер.
Сервисот е достапен и за жени и за мажи. Во игра се четири женски модели на чевли на кои можете да го втиснете својот печат: рамните чевли Rollergirl, длабоките патики Louis, елегантните кратки чизми Belle и чевлите со високи потпетици Highness.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак
-
Весела математика: Бројот на чевли кој го носите зборува за тоа колку години ќе живеете!
-
Секојдневните маки имаат научно објаснување: Зошто ни се одврзуваат врвките додека одиме
-
Кралицата Елизабета вработила жена која ќе ѝ ги разгазува новите чевли