| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени родителите на Тони Цетински

Некогаш познатиот пејач Мирко Цетински и неговата сопруга, поранешна заменичка на министерот за туризам Винка, вчера беа уапсени во Ријека, поради сомнеж за лажирање на даночни пријави, пренесуваат хрватските медиуми.

Родителите на познатиот пејач Тони Цетински се на удар на инспекторите поради сомнеж дека со помош на двајца службеници од даночната управа во Ријека се обиделе да лажираат даночни пријави.

Со оглед дека станува збор за корупција на државни службеници, случајот е во надлежност на полицијата, а сите четири осомничени ќе бидат испрашани во Одделот за корупција и организиран криминал.

Ова е афера која ги следи сопружниците уште од 2011 година.  Против Мирко и Винка Цетински, веќе порано биле покренати две обвиненија поради сомнение дека претприемачот Данко Кончар со измама го оштетиле за околу 20 милиони евра. Кончар речиси целото семејство Цетински го обвинил дека го измамиле купувајќи за него имот по Истра, пришто му наплатиле значајно поголеми износи од неговите реални вредности. Освен Мирко и Винка Цетински, во еден од случаите е обвинет и нивниот помлад син, Матео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top