| четврток, 6 декември 2018 |

Судот одлучи: По три години затвор за шестмина демонстранти за случајот „Монструм“

Скопскиот основен суд денеска им изрече казна од по три години затвор на шест лица од осуммината обвинети за насилни демонстрации против пресудата за случајот „Монструм“ ,додека еден од обвинетите доби ослободителна пресуда, а обвинителството го повлече обвинението за едно лице .

Sudenje protesti monstrum 03 (Custom)

Јавното обвинителство ги товареше обвинетите за насилство на протестите спрема полициски лица во кој беа повредени 20 полицајци, од кои четворица заработија тешки телесни повреди и за оштетување на имотот на Основниот суд Скопје 1 и Скопје 2 во вкупна вредност од преку еден милион денари.

Sudenje protesti monstrum 01 (Custom)

Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top