| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува позитивниот тренд во индустријата, во јуни раст од 4,9 отсто

макстил 2

Индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, производството во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава бележи опаѓање од 9,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 12,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
намалување од 33,1 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2014 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, кај Капитални производи за 70,6 отсто, кај Трајни производи за широка потрошувачка за 36 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто. Опаѓање е регистрирано во групата Енергија за 26, 9 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во првото полугодие од оваа година во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top