| четврток, 6 декември 2018 |

За протестите на СОНК в петок: Со организиран превоз, со сокови и сендвичи

SONK-

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) в петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука поддршка со тројцата професори од штипскиот универзитет.

Како што дознава „Република“ вечерва завршиле состаноцитте на СОНК по региони. На состанокот се дале насоки да се соберат што е можно повеќе луѓе – без разлика дали се студенти или пензионери. Превозот ќе бил организиран, со автобуси, а секој кој ќе дошол ќе добиел седвичи, сок, вода…

Како што дознава „Република“ секој град добил и квота – кој колку автобуси требал да наполни за петочниот протест.

СОНК најави и генерален штрајк на први септември ако институциите итно не го решат проблемот со тројцата професори на штипскиот универзитет. Сепак ова е само поводот да излезат на протест, намерите се други. Ќе покренеле постапка за преиспитување на законската обврска за плаќање радио дифузна такса. Незадоволни биле од неизвестувањето на поголем дел од медиумите за штрајкот на професорите во Штип и според нив, ги игнорираат активностите и случувањата кои се од интерес на државата.

СОНК бара повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование,  склучување на колективен договор за да се отстранат, како што велат, незаконските  разлики во висината на платите за исто работно место и протестираат против екстерното тестирање и политизацијата во образованието.

Од СОНК велат дека се револтирани се од односот на институциите, за кои посочожуваат дека не преземале ништо по нивните барања, кои им ги доставиле уште во март, пред изборите. Сето ова покажува дека не се работи ситуацијата со тројцата професори од УГД, туку задни намери стојат зад најавениот протест во петок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top