| четврток, 6 декември 2018 |

Три природни начини за чистење на црниот дроб

cveklo
Освен што е важен за разградување на маснотиите во нашето тело, црниот дроб е задолжен и за нормална работа на варењето, а ја регулира и структурата на крвта. Црниот дроб ги неутрализира штетните материи во телото, па според тоа, потребно е негово прочистување.

Најдовме за вас неколку совети како да направите самите домашни лекови за прочистување на црниот дроб.

Измијте 10 кг ротквици. Направете сок од нив и би требало да добиете околу 3 литри сок. Влакната што ќе останат по приготвувањето на сокот помешајте ги со шеќер или со мед и чувајте ги на топло место. Земајте по една лажица сок еден час пред јадење. Дозата постепено зголемувајте ја додека не дојдете до отприлика пола чаша пред јадење, а потоа задржете се на тоа.

Земете 3 цвекла, нелупени. Исечете ги на парчиња и ставете ги во тегла од 3 литри. Додадете 3 лажици пченично брашно и 500 г шеќер. Теглата ставете ја на темно место и држете ја два дена на собна температура. Потоа додадете 700 г суво грозје, 4 шолјички шеќер и пола шолја вода и оставете да стои уште седум дена. Секој ден промешајте ја смесата. После седум дена смесата процедете ја и земајте една лажица сок 3 пати дневно половина час пред јадење. Кога ќе го испиете сокот, не правете веднаш друг, туку направете пауза од 3 месеци.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top