| четврток, 6 декември 2018 |

Дизел автомобилите ќе мора да плаќаат по 10 фунти за возење низ центарот на Лондон

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Лондонските градски власти ја разгледуваат можноста возачите на автомобилите со дизел мотори да плаќааат посебна „зелена такса“ за возењето низ центарот на Лондон.

Таксата би изнесувала 10 фунти за секое влегување во централната зона и таа би била главниот дел од сегашната „патарина“ што се плаќа за секое возење низ централното градско подрачје.

Оваа такса е воведена пред околу десет години и таа требаше да го спречи напливот на возила во центарот и традиционалната закрченост низ лондонските улици, но и да ја намали загаденоста на воздухот во Лондон.

Сега се покажува дека таа не го намали приливот на автомобили, ниту загаденоста.

Градоначалникот Борис Џонсон настојува, новата зона со „супер ниска емисија на штетни гасови“, да биде воведена уште пред 2020 година. Тој бара од владата да ги заостри и условите за сопствениците на дизел автомобилите, кога станува збор за чистотата на воздухот.

Само автомобилите со мотори кои ќе одговараат на најновите еколошки стандарди за емисија на штетните гасови, познати како „Евро 6“ ќе бидат ослободени од плаќањето на новата еко такса.

Со планот за екстра еколошка такса се предвидува да бидат „санкционирани“ и автомобилите со бензински мотори, доколку се регистрирани пред 2006 година.

Новите автомобили што ќе се произведуваат од 1 јануари 2015 година, мора да бидат прилагодени на новите еколошки стандари во ЕУ („Евро 6“).

Британскиот главен град не ги исполнува стандардите на Унијата за загаденост на воздухот.

Асоцијацијата на автомобилистите реагираше со осуда на намерата на Лондон за дополнително „однаочување“ на возилата, а посебно за оние со дизел мотори.

Претставник на асоцијацијата изјави дека автомобилистите се одново на удар, иако градските власти знаат дека главните виновници за загаденоста на лондонскиот воздух се автобусите од градскиот сообраќај, такситите и товарните возила.

Владините податоци покажуваат дека на територијата на Велика Британија, загаденоста на воздухот има влијание врз смртноста во преку 28 илјади случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top