Детските нозе, исто како и нозете на возрасните прекумерно се потат, особено во лето, а токму потта создава добра подлога за развој на габични инфекции и на разни иритацииНепријатниот мирис на нозете настанува поради разградување на бактериите на кожата, а за да се спречи оваа појава, детските нозе треба темелно да се негуваат, особено во текот на летото.
Еве неколку совети кои можат да ви помогнат:
Еве неколку совети кои можат да ви помогнат:
.детските нозе треба да ги миете и наутро и навечер и добро да ги избришете помеѓу прстите.
- по миењето на нозете задолжително облечете им памучни чорапи.
- заборавете на синтетичките чорапи кои се одлична подлога на бактерии.
- потрудете се децата почесто да одат боси.
- менувајте ги често детските чевли за да може влошката и материјалот со кои што се поставени обувките, побрзо да се исушат.
- во чевлите кои се изработени од лак и вештачки материјали многу брзо се собира влага, затоа е подобро да не купувате такви обувки.
- при купувањето на детски чевли, имајте на ум дека тие треба да бидат поставени со кожа и да имаат природна вентилација.
- често проветрувајте ги чевлите, а патиките перете ги еднаш во неделата.
- направете купка од екстракт на жалфија, бидејќи таа се покажала како одлично средство против потење на нозете. Исто така, во сандалите или патиките можете да ставите детска пудра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



