Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која беше во посета на Хрватска, констатира дека земјата се соочува со се поголеми проблеми и треба значително да ги намали своите трошоци.
Решението, кое го предлага ММФ, е фискална консолидација и структурни реформи, намалување на трошоците за пензии и здравство и внесување на измените во Законот за работни односи.
– Хрватските власти треба веднаш да ги спроведат долго одложуваните реформи во пензискиот систем и измените во Законот за работни односи, како и да се намалат инвестициските блокади, се наведува во заклучокот на мисијата на ММФ.
Според експертите од ММФ, реформата во пензискиот систем треба да се спроведе колку е можно побрзо, бидејќи при структурните реформи е потребно извесно време додека тие почнат да даваат резултат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.