| четврток, 6 декември 2018 |

Веб-сајт за запознавање намерно спојувал погрешно

Еден од водечките интернет-сервиси во САД за запознавање и спојување луѓе „ОК Купид“, редовно погрешно ги спојувал клиентите за да ја провери својата технологија, откри интернет-компанија „Интерактив корп“ (IAC) во чијашто сопственост е „ОК Купид“, неколку дена откако „Фејсбук“ призна дека во една психолошка студија манипулирал со своите клиенти.

Кога на луѓето ќе им речеме дека се добра двојка, тие се однесуваат како, навистина, да се. Па, дури и кога би требало да бидат погрешен избор еден за друг – напиша на својот блог коосновачот на компанијата Кристијан Радер.

Во спротивен случај, кај двојките на кои би им се рекло дека не се добра двојка, иако алгоритмите покажувале дека се, се намалувала веројатноста дека ќе разменат повеќе од четири пораки.

Потпаролот на ИАК изјави дека „ОК Купид“ планира да продолжи со експериментите, кои на тоа поле познати се како A/B тестови.

„ОК Купид“ е еден од водечките сервиси за спојување  луѓе во САД, по сервиот match.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top