1. Перница
Таа ќе ви помогне да искусите нови секси пози. Ставете песница под задникот кога партнерот е над вас. Обичната мисионерска поза вака добива подобра варијанта. Во кучешката поза, пак, ставете повеќе перници под вашиот стомак. Тоа што ќе сте опуштени, ќе ви дозволи повеќе да се посветите на задоволството.
2. Секси книга
На страна филмовите за возрасни – развијте ја вашата имагинација со читање на секси книги. Тоа не мора да бидат само еротски романи. Да се запознаете со вашето и телото на вашиот партнер, отворете и некоја образовна книга која ќе ви помогне.
3. Секси долна облека
Сензуалниот градник и жешки гаќички ќе ви помогнат да се чувствувате многу посекси. Покрај тоа што ќе му приредите празник за очи на вашиот партнер, ќе чувствувате поголема доза на самодоверба, која е од суштинско значење за добро сексуално задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


