| четврток, 6 декември 2018 |

Би пробале ли „кареза“ секс?

Духовен начин на водење љубов или накратко љубовна медитација. Вака експертите го објаснуваат сексот кареза. Тоа е всушност секс, но без оргазам, полн со чувства, галење и бакнување, но без климакс.

Постојаното брзање кон оргазмот може да биде фрустрирачки, но во кареза достигнувањето на врвот не толку важно, колку потребите на партнерот.

Зошто да го пробате?

Кареза ќе го смени фокусот на поврзаноста со партнерот, наместо на оргазмот.

Што ви носи кареза?

Искуствата на оние кои го испробале велат дека потоа се чувствувале полесно и посреќно.

Жените тврдат дека кареза им овозможила врската да им стане многу позабавна и похармонична.

Ставот на мажите по ова прашање е поделено. Додека еден дел смета дека карезата е глупост, други признаваат дека после овој секс повторно се заљубиле во нивната партнерка и ја изградиле врската на повисоко ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top