Луѓето имаат идентитет, ООН не преговаара за идентитетот на еден народ, оваа земја има идентитет и други земји имаат свој идентитот. Треба да бидеме јасни дека мандатот на ООН се однесува за името и треба да се реши името на државата.
Ова денеска по средбата со премиерот Груевски, претседателот на државата Ѓоге Иванов и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, го истакна посредникот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц.
Тој истакна дека е вистинско време за заживување на разговорите и соодветно време за наоѓање сериозно решение.
– Ги слушнав ставовите на премиерот Грувески и Владата има конструктивен пристап за наоѓање решение и за моите идеи. Утре ќе зборувам со Владата во Атина и ќе одлучиме за следните чекори. Мислам дека ова е прашање кое мора да има резултат и важно е да се реши – посочи посредникот Нимиц.
На прашањето како ќе ја убеди Грција за тоа дека е потребно решение за името, медијаторот потенцираше дека кога се водат разговорите на сите им е јасно дека станува збор за името на државата, дека има и други прашања, но суштината е името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.