| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Македонски интерес е да го надминеме единствениот проблем со Грција

nimitz-popovski

фото: Ѓ.Личовски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска го прими претставникот на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во спорот околу името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц.

На средбата, како што соопшти МНР, присуствуваше и претставникот на Република Македонија во процесот на преговори, Васко Наумовски.

Нимиц, како што е наведено во соопштението, ги сподели своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.

Министерот Попоски ги истакна заложбите на Република Македонија за решение и целосна посветеност на процесот.

– Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери – истакна министерот Попоски, додавајќи дека за да го постигнеме тоа, ни треба почитување на правото и политичка волја:

– Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на Нимиц.

За време на посетата Нимиц беше примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а ќе има средба и со премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top