Наводно, македонската музичарка паднала во рацете на згодниот водител уште за време на снимањата на емисиите „Танц со ѕвездите“ каде што учествуваа и двајцата.
Сара Мејс постојано е во друштво на Димитар Атанасовски, но не сакаат да ја потврдат својата врска и успешно се обидуваат да ја сокријат од љубопитните очи на јавноста, па затоа многу ретко може да се забележат сами, пишува „Убавина и здравје“.
Често се во друштво на свои заеднички пријатели кои им се добро „алиби“ за нивната романса. Така беше и викендов кога двојката уживаше на една од плажите во Охрид, но овој пат „алиби џокер“ беше Панчо од „ДНК“, кој како по директива ниту еднаш не ја остави двојката да ужива во романтичниот викенд. Токму и на настапот на „ДНК“ во Охрид, Димитар го зеде микрофонот од рацете на Панчо и запеа, сигурно погодувате кој најмногу му ракоплескаше на неговиот музички настап.
Претходно, наголемо се шушкаше за наводната романса меѓу Сара Мејс и нејзиниот танц-партнер од шоуто Мишо Спасоски, а Димитар имаше неколкугодишна врска со водителката Симона Николовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.