Победникот на првиот регионале „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање албум со продуцентската куќа „Менарт“.
Претставниците на „Менарт“, регионален застапник на „Сони мјузик ентертејнмант“ (Sony Music Entertainment), будно го следеа целиот тек на музичкиот натпревар, во кој суперфиналистите се бореа за вредните награди.
Даниел како победник, покрај автомобилот „мини купер купе“ и парична награда од 10.000 евра, доби и награда снимање на албум од „Менарт“ за регионот, два видеоспота и рекламна поддршка од продукцијата.
-Горди сме на фактот што „Менарт“ ќе има можност да соработува со победникот на првата сезона на регионалното издание на „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач. Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде што беше емитуван „Икс-фактор“ – изјави директорот на хрватската продуцентска куќа „Менарт“, Бранко Комљеновиќ по потпишување на договорот.
Ни Даниел Кајмакоски не го крие своето одушевување.
– Драги пријатели, пресреќен сум што можам да соопштам дека ми се оствари уште еден сон. Потпишав договор со „Менарт“, продуцентската куќа што ќе го издаде мојот прв албум. Очекувајте ја наскоро и мојата прва песна – најави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.