Идентификувано е телото кое утрово беше извадено од водите на Вардар кај Ногаевци. Како што инфомира полицијата, станува збор за 39 годишниот Борче Арсов од Градско, кој на 27 декември, минатата година бил пријавен како исчезнат. Со оглед на тоа дека телото е во поодмината фаза на распаѓање, се уште не може да се утврди во какви околности настанала смртта. Ќе се испитува дали Арсов се удавил или пак можеби станува збор за насилна смрт. Телото е предадено на обдукција од каде се очекуваат информации за причините за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре