| четврток, 6 декември 2018 |

Аутистично момче не зборува, но расплакува со пеењето (видео)

martin fin autisticno momceМартин Фин, 23-годишно момче со аутизам кој му бил дијагностициран на тригодишна возраст, има неверојатен талент за пеење. Роден е во Ланкшир во Англија, а се образовал во специјална установа за деца со посебни потреби. Кога имал 14 години, во една од тие инситуции бил забележан неговиот талент за пеење, пишува британски „Мирор“.

Освен лекарите, Мартин ги изненадил и родителите со оглед на тоа што во животот не успеал поврзано да изговори повеќе од три збора во низа и не е способен за вербална комуникација затоа што не го разбира јазикот.

– Тој ништо не може да направи сам и секогаш ќе биде мало дете заробено во тело на маж. Музиката е неговиот живот и таа му дава живот – вели неговиот татко Џон Фин.

Јазот меѓу неговиот недостаток и неговиот талент е огромен и тоа го прави еден во милион, гордо вели неговиот татко кој напоменува дека на Фин му требаат пет до шест пати да ја слушне песната за да ја научи на памет и музички да ја совлада. Поради тоа се смета дека е аутист со талент кој би бил натпросечен дури и кај луѓе кои се нормално развиени.

Мартин првпат го привлече вниманието на јавноста во 2010 година кога настапуваше на шоуто за талентирани аутистични деца на „Би-Би-Си“. Потоа следувале многу настапи на телевизиски и радиоемисии, а имал и бројни  самостојни настапи на кои пее пред публика и до илјада луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top