| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја со закана до САД: Ќе ве гаѓаме со нуклеарна бомба

NKOREA-KIM

Ако американските империјалисти се заканат на нашиот суверенитет, нашата армија ќе лансира нуклеарна ракета на Белата куќа и Пентагон, изворите на злото. Оваа закана ја испратил директорот на воениот Генерален-политички уред, Хваг Пјонг Со во говорот на воениот собир одржан во неделата во Пјонјанг по повод одбележувањето на примирјето од Корејската војна.

Ова не е првпат севернокорејските власти да им се заканат на Американците со нуклеарен напад. Сепак, најголем дел од воените експерти сметаат дека земјата со која владее Ким Јонг Ун сѐ уште не е ниту близу до создавање капацитети за производство на интерконтинентални балистички ракети од голем дострел.

Наспроти тоа што Северна Кореја досега извршила три нуклеарни тестирања, се верува дека сѐ уште не се во состојба да опремат ракети со нуклеарни боеви глави. Таа земја засега поседува ракети од краток и среден дострел со кои може да се гаѓаат цели во Јужна Кореја и во Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top