
Со минофрлачка граната вечерва во Триполи била погодена амбасадата на Србија. Според светските медиуми во Либија владее вистински хаос, посебно во главниот град Триполи и во Бенгази каде се водат жестоки битки. Најголемите немири се водат на главниот аеродром. Досега се убиени 97 луѓе. Денеска со ракета беше погодено складиште со нафта со околу 90 милиони литри бензин.
Жестоките борби „сите против сите“ ја натера и Хрватска да нареди повлекување на својот персонал од амбасадата. Во моментов постојат неколку начини да се избега од Либија, а тоа по копнен пат до Тунис или со брод до Малта. Италија и Велика Британија веќе испратија авиони да ги евакуираат своите државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


