Ниту оваа работна недела нема да бидеме поштедени од променливото време. Според прогнозата на Метеопро, вторник и поголем дел од денот среда ќе поминат во стабилно и топло време, но повторно промена на времет очекуваме во среда навечер.
По сончевиот и релативно топол вторник, среда ќе донесе уште повисока дневна температура. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 33°С во котлините од северниот регион, околу 32°С во југозападниот регион, и до 37°С во јужниот тек на Вардар.
Среда ќе помине во стабилно и сончево време, но веќе кон крајот на денот се очекува промена на времето. Повторно ќе потпаднеме под циклонско влијание, кое ќе ќе донесе мал пад на температурата и нови врнежи од дожд.
Овие врнежи ќе бидат локално пообилни во четврток. Местимично, во четврток ќе има веројатност за појава на поголем развој ка купесто-дождовна облачност, а со тоа ќе се создадат услови за локално невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.