| четврток, 6 декември 2018 |

Сонце и топло – температура до 35 степени

leto

Вторник ќе помине во знакот на генерално стабилно, претежно сончево и релативно топло време. Минимална можност за краткотраен слаб дожд ќе има во планинскиот регион долж источната граница.

Минималната температура ќе биде во границите од 16°С до 21°С.

Денот ќе биде потопол во однос на понеделник. Максималната  ќе достигне вредност околу 31°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 30°С во југозападното подрачје. Најтопло, околу 35°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 33°С.

Подетална прогноза на Метеопро.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top