| четврток, 6 декември 2018 |

Некој на сонце во Грција, некој по сардини на Сардинија

Иа­ко е ју­ли и тре­ба да има тем­пе­ра­ту­ра од 40 сте­пе­ни, вре­ме­то во Ма­ке­до­ни­ја ли­чи на тоа во октом­ври, но тоа не зна­чи де­ка е та­ка и на ту­ри­стич­ки­те ме­ста. Пла­но­ви за од­мор ве­ќе се пра­ват, но до­кол­ку сè уште не сте од­лу­чи­ле на ко­ја пла­жа да се раз­ла­ду­ва­те, еве ка­де ќе ле­ту­ва­ат на­ши­те естрад­ни ѕвез­ди. Не­кои од нив од­браа мош­не ин­те­рес­ни ме­ста, па мо­же­би ќе ви по­мог­нат во из­бо­рот

Жел­ба­та е ед­но, мож­но­сти­те дру­го

Хе­ле­на Ро­за пла­ни­ра да за­ми­не на Бо­ра Бо­ра.

– А, да­ли ќе одам, хмммм мал­ку по­те­шко. Ина­ку, пр­во ќе за­ми­нам во До­јран, по­тоа во Афи­тос во Гр­ци­ја и на крај мал­ку пла­ни­на во ви­кен­дич­ка во се­ло­то Тај­ми­ште – ве­ли Хе­ле­на Ро­за.

Zvezdi98-1

 

И Тај­зи со жел­ба, но и со мно­гу ра­бо­та.

– Би са­кал пак да от­па­ту­вам во Бар­се­ло­на по­ра­ди тоа што гра­дот има пре­крас­на енер­ги­ја, но пред сè ме че­ка ра­бот­но ле­то со на­ста­пи низ Ма­ке­до­ни­ја, па та­ка од­мор ќе имам ду­ри во сеп­тем­ври – ве­ли пе­ја­чот.

 

Не­го­ви­от ко­ле­га Але­ксан­дар Бе­лов из­ја­ви де­ка пла­ни­ра да за­ми­не на Ја­дран­ско Мо­ре со при­ја­те­ли на кра­јот на август.

 

Јо­це Па­нов ле­то­во ќе го по­ми­не ра­бот­но.

– Це­ло ле­то имам за­ка­жа­ни на­ста­пи низ ди­ско­те­ки во Цр­на Го­ра и во Ма­ке­до­ни­ја. Ко­га пе­ам во Стру­га и во Би­то­ла најм­но­гу се од­мо­рам, па та­ка ќе мо­жам да ги спо­јам ра­бо­та­та и од­мо­рот. Од­мо­рот, кој не­ма да би­де по­долг од 8-9 де­на, ќе го иско­ри­стам и ќе по­се­там не­кој остров во Гр­ци­ја – ве­ли тој.

 

Европ­ска атрак­ци­ја

Во­ди­те­лот Жар­ко Ди­ми­три­о­ски го­ди­на­ва оди за Ита­ли­ја.

– И го­ди­на­ва ре­шив по­втор­но да одам во Ита­ли­ја. Се мис­лев ме­ѓу Ита­ли­ја и Шпа­ни­ја, но са­кам по­втор­но да ја ви­дам Ита­ли­ја. Овој­пат не­ма да би­дам на глав­но­то коп­но, ту­ку на Сар­ди­ни­ја. Од мно­гу­те ма­фи­ја­шки фил­мо­ви ми бе­ше страв да одам на Си­ци­ли­ја, а ва­му, ако не­ма пи­што­ли, ба­рем ќе има сар­ди­ни – се ше­гу­ва Жа­ре.

 

Со­пру­га­та на нај­до­бри­от ма­ке­дон­ски фуд­ба­лер Дар­ко Пан­чев, Ма­ја Гроз­да­нов­ска-Пан­че­ва, из­ја­ви де­ка и ова ле­то ќе го по­ми­нат во друш­тво со при­ја­те­ли, но сѐ уште не зна­ат ка­де:

– Со по­го­ле­ма­та ќер­ка ве­ќе бев­ме на ед­на ми­ни-тур­не­ја низ за­пад­на Евро­па и го прос­ле­див­ме кон­цер­тот на неј­зи­на­та оми­ле­на гру­па  „Уан ди­рекшн“ (One direction), кој се одр­жа во Берн. Се вра­ти­ме тол­ку мно­гу ис­пол­не­ти  што не чув­ству­ва­ме по­тре­ба за оде­ње на од­мор.

 

Во­ди­тел­ка­та Си­мо­на Ни­ко­лов­ска глав­но­то па­ту­ва­ње го оста­ва за на­е­сен:

– Со ог­лед на тоа што пла­ни­рам па­ту­ва­ње во Фран­ци­ја и во Тур­ци­ја на по­че­ток на есен­та, пла­ни­рам да од­мо­рам на не­ко­ја од пла­жи­те на на­ши­от ју­жен со­сед за­ед­но со мо­и­те најб­ли­ски при­ја­те­ли. Из­ми­на­ти­от пер­и­од бев до­ста актив­на ра­бот­но, та­ка што ми тре­ба од­мор и со­би­ра­ње си­ли за вто­ра­та по­ло­ви­на од го­ди­на­та ко­га ме че­ка­ат уште по­го­ле­ми об­вр­ски на при­ва­тен и на про­фе­си­о­на­лен план – ве­ли атра­ктив­на­та Си­мо­на.

Zvezdi98-3

 

Не­ко­му му е бит­но ме­сто­то, не­ко­му друш­тво­то.

– Ка­де и да си, со до­бро друш­тво ќе си по­ми­неш уба­во, а јас го имам друш­тво­то, оста­ну­ва са­мо да од­бе­ре­ме ка­де ќе се за­ба­ву­ва­ме ова ле­то – ве­ли пе­ја­чот Але­ксан­дар Та­ра­бу­нов.

 

И по­пу­лар­на­та пе­јач­ка Ви­кто­ри­ја Ло­ба сѐ уште без од­бра­на де­сти­на­ци­ја, но, се­пак таа знае де­ка ќе ше­та и ќе се за­ба­ву­ва со сво­е­то друш­тво.

Zvezdi98-2

 

Во­ди­те­лот Ди­ми­тар Ата­на­сов­ски знае де­ка од­мо­рот ќе го по­ми­не со најб­ли­ски­те при­ја­те­ли на не­кое мо­ре, но сѐ уште не знае ко­ја ќе би­де точ­на­та де­сти­на­ци­ја.

 

(Пишува: Марина Костовска
Текст објавен во 98. број на неделникот „Република“, 18.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top