| четврток, 6 декември 2018 |

Загина возач на „Хисар туризам“

На патниот правец Дебар-Маврово, во близина на месноста Бошков Мост, во сообраќајна несреќа загина возач на комби возило.

Несреќата се случила во 6,45 часот кога од непознати причини комби возилото сопственост на „Хисар туризам“ изгубило контрола, удрило на заштитната метална ограда на мостот и паднало во реката Радика.

Во возилото бил само возачот Садик Франгу(62) од селото Баланци, општина Центар Жупа, кој починал на самото место. Требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

На местото на несреќата увид врши екипа на Полициската станица од Ростуше, истражен судија и обвинител од Гостивар. Во извлекувањето на возилото учествуваше и територијалната противпожарна единица од Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top