Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц денеска пристигнува во дводневна посета на Скопје.
Тој ќе се сретне со македонските власти, а во среда ќе замине во Грција на средби и со тамошните владини претставници. Во официјалното соопштение на ОН во кое се најави посетата се наведува и дека целта на средбите е да се интензивираат разговорите под нивно покровителство насочени кон изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот за името.
Очекувањата во јавноста во двете земји се дека тој нема да донесе нов предлог. Инаку на овие средби посредникот ќе се запознае и со новиот македонски претставник во спорот Васко Наумовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.