| четврток, 6 декември 2018 |

Фани повторно сама

Македонската пејачка и диџејка Фани Христова во декември минатата година ја раскина и втората свршувачка, по што започна врска со Швајцарецот Марчел. Сега битолчанката повторно е сама.

Двојката која извесен период беше заедно, поради далечината, решила да стави крај на романсата, но наместо со караници и кавги, тие се разделиле како вистински пријатели и до ден-денес се уште се во контакт, пишува „Вечер“.

Статусот ми е сингл, но затоа сум опкружена нон-стоп со драги луѓе кои ми го прават денот поубав. Со Марчел сме одлични пријатели, тој моментално живее на Тајланд. Далечината го направи своето, но нашата љубов прерасна во искрено и големо пријателство – откри пејачката и диџејка, која идниот месец ќе престојува во Цирих.

Пред седум години Фани беше на прагот на првиот брак со пливачот Александар Маленко. Минатата година по втор пат раката ѝ ја побара битолчанецот Дејан, сопственик на салон за разубавување со кого исто така се раздели по неколкугодишна врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top