Србија слави сосема заслужено, по блескавиот триумф во финалето на Европското првенство во ватерполо, а со играта во финалето против домаќинот Унгарија ги воодушеви сите.
Избраниците на Дејан Савиќ неочекувано лесно и убедливо ја потопија Унгарија со 12-7, одиграа фантастичен меч и ги собраа симпатиите и на неутралните симпатизери на ватерполото.
Честитки стасаа од сите страни за старо-новиот европски првак, а меѓу првите на Твитер со порака честиташе и Новак Ѓоковиќ.
„Им честитам на златните момчиња. Браво“, напиша тенискиот ас на својот профил. Србија ја одбрани титулата европски првак и по петти пат е на врвот на стариот континент во овој спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



