| четврток, 6 декември 2018 |

Српските ватерполисти си поиграа со Унгарија и ја одбранија европската круна

Србија ја одбрани европската ватерполо круна со блескава победа од 12-7 против домаќинот на шампионатот Унгарија. Финалето почна и заврши во знакот на популарните српски делфини, кои на неочекувано лесен начин ги потопија Унгарците. Србите поведоа со 6-1 по десетина минути игра и докрај ја одржуваа високата разлика.

Домаќините се обидоа да фатат приклучок, намалија на 6-9 пред стартот на последниот период, но маестралниот Филип Филиповиќ со два гола ги разби надежите на Унгарија за подвиг.

Третото место и бронзениот медал го освои Италија со победа од 11-9 против Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top