| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународните полицајци не можат да стигнат до паднатиот Боинг

 боингХоландските и австралиските полицајци, кои мораа да го посетат местото на несреќата на малезискиот „Боинг“ , ја откажале посетата, поради загриженоста за безбедноста.

– Продолжуваат борбите. Не можеме да го преземеме тој ризик. Ситуацијата со безбедноста на патот кон местото на несреќата и на самото место на инцидентот е неприфатлива за нашата невооружена набљудувачка мисија – рече Александар Хаг, заменик-шеф на набљудувачите од специјалната мисија во Украина на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Силни престрелки се слушаат на околу еден километар од населбата Грабово под контрола на бунтовниците. Блиску до тоа село во источна Украина се урна Малезискиот “Боинг”.

Дел од локалните жители бегаат, а во близина на местото на инцидентот се гледа темен чад

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top