Иако на жешкото време би се препорачал и жежок секс, сепак, на високите температури повеќе се поти а телото побрзо се уморвува. Затоа, магазинот за мажи „Men’s Health“ предлага да ја откриете магијата на бавниот секс.
За почеток, бавниот секс трае подолго! Ова значи дека мажот ќе биде во можност да и даде на својата партнерка доволно време и внимание за таа да стигне до сексуалниот врв, без брзање.
Според истражувањето, вели сексолог Џоел Блок, на мажот во просек му се потребни две минути на пенетрација за да доживее оргазам, додека кај жените во просек тоа трае околу 14 минути.
Тоа ви остава цели 12 минути „луфта“. Кога ќе забавите, поголема е веројатноста дека партнерката ќе доживее оргазам, а можено е и двајцата да свршите во исто време. Истражувањата покажуваат дека одложувањето на оргазмот го прави сексот многу поинтензивен.
Покрај тоа, бавниот секс е многу поинтимен и поромантичен.
А, како да забавите? Прочитајте тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


