| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ја помести границата за афлатоксин

mlekoСрпската Влада одлучи да го промени Правилникот за дозволената количина афлатоксини во млекото, односно да ја врати границата од 0,5 микрограми, од сегашните 0,05 микрограми на литар. Според министерот за земјоделство, владата добила мислење од сите институции во кои стои дека таа количина не е опасна за здравјето, потсетувајќи дека истата важела до пред 2 години. Исто така, со толкав процент на токсинот дозволен е извоз на млеко во две третини од светот. Од Белград потсетуваат дека 0,5 проценти афлатоксин на килограм е граница во Русија, САД, Бразил, Аргентина, Индија, Бугарија и други земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top