
Актерите од Музички и театарски центар „Агила Иманбаева“ од Казакстан за одиграната престава „Медеа“ ја добија Гран при наградата на Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ што заврши синоќа.
За најдобар актер и актерка се прогласени членовите на Театар Комедија од Скопје, Жарко Димовски и Нина Деан за улогите во претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир. Награден е и режисерот на истоимената претстава Дејан Пројковски.
Наградите ги додели стручно жири во состав: Драган Спасов-Дац претседател и Кети Борисовска и Венко Серафимовски.
Организаторите на фестивалот се задоволни одона што го направиле со оглед на тоа колкав буџет имале за организаирање на фестивалот.
-Веќе за следната година имаме склучено договор со две претстави едната е од Бугарија, а другата ќе биде изненадување – рече извршниот директор на Здружението на античка драма Стоби, Зоран Љутков.
Во чест на наградените, актерите на Велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја изведоа претставата „Кралот Лир“ во режија на Ѕвезда Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


