Мистериозна жена која е облечена во црна облека од глава до пети, и која шета низ САД предизвикува реакции кај луѓето, кои секогаш кога ќе ја видат во нивниот град реагираат кај полициските служби.
Се верува дека жената поминала пеш повеќе од 850 километри, а првпат била забележана во државата Охајо. Никој нема информации зошто пешачи, облечена во црно, но се претпоставува дека тоа го прави од религиски мотиви.
Таа била повикана во една полициска станица и само изјавила дека се вика Елизабет Полс и има 56 години. Родена е во Мотс во Аризона.
Елизабет вели дека тргнала „ во библиска мисија“ и додала дека е членка на религиското движење Исламска нација. На сето тоа рекла дека работи во Пентагон, но полицијата не и поверувала на овој исказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




