| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските сили дозволија пристап до авионот во Украина

Малезиските власти постигнаа договор со проруските сили во Источна Украина на полицајците од повеќе држави да им се овозможи пристап до местото на падот на авионот на „Малезија ерлајнс“, кој се урна на 17 јули со 298 патници и членови на екипажот, соопшти кабинетот на малезискиот премир Наџиб Разак.

Armed pro-Russian separatist stands at a site of a Malaysia Airlines Boeing 777 plane crash in the settlement of Grabovo in the Donetsk region

Во соопштението се истакнува дека на полицајците ќе им биде дозволено да влезат во конфликтното подрачје во Источна Украина „за да обезбеддат заштита на меѓународните експерти за истрагата за падот на авионот“.

Лидерот на самопрогласената Донецка народна република, Александар Бородај утрово се согласил да го прифати доаѓањето на меѓународните полицајци.

– Длабоко сум загрижен бидејќи меѓународните истражители не можеа на соодветен начин да го истражат местото на несреќата поради несигурната безбедноста ситуација на тоа подрачје – посочи Разак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top