| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 115.000 евра од кумановска куќа

Непознат провалник имал голем плен во куќа на гастарбајтер во Куманово од каде украл 115.000 евра.

Полицјата ин фомрираше дека за време на викендот во Куманово на улица Благој Илиев -Гуне, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќата на М.Ј., од каде одзел метален сеф во кој имало околу 115.000 евра. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top