Во пресрет на празникот Рамазан-Бајрам, претседателот Ѓорге Иванов, вчера вечерта присуствуваше на Ифтар во село Скудриње, општина Маврово-Ростуше.
– Откако сум претседател, воспоставив пракса секоја година да присуствувам на Ифтар. Оваа година дојде ред во реканскиот крај да бидам со вас заедно. Навистина ми е мило што денеска ги посетивме поголем дел од селата во вашиот крај. Ви посакувам се најубаво и овие денови да ги поминете во слога, единство и солидарност. Да им помагате на сите што имаат потреба од помош – истакна претседателот Иванов.
Во присуство на градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди и директорот на Националниот парк „Маврово“, Онер Јакуповски, претседателот Иванов во текот на денот ги посети и селата Жировница, Велебрдо, Требиште и Врбен, каде со локалното население поразговара околу актуелните состојби во овој крај.
Иванов со општинското раководство и локалното население размени мислења околу севкупниот економски потенцијал на населените места во општината. Заеднички беше констатирано дека Националниот парк „Маврово“ дава перспектива за развој на туризмот во овој крај.
Истовремено, претседателот Иванов ја искажа својата подготвеност да поддржи иницијативи и предлози што се во функција на натамошен развој на овој крај.
Во оваа прилика, претседателот Иванов на жителите им го честиташе светиот месец Рамазан, а во пресрет на празникот Рамазан-Бајрам им посака добро здравје и многу успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани





